×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обединетата српска заедница Денот на сеќавањето ќе го одбележи во црквата „Свети Ѓорѓи“

    22.03.2019 19:05 | KumanovoNews

    По повод 24 Март- Денот на сеќавањето на бомбардирањето на Сојузна Република Југославија од НАТО алијансата, Обединетата српска заедница Куманово традиционално ќе организира помен за загинатите.

    Обединетата српска заедница Денот на сеќавањето ќе го одбележи во црквата „Свети Ѓорѓи“

    Во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, во недела, одбележувањето ќе започне со палење свеќи, а беседа ќе оддржи претседателот на заедницата Часлав Јовановиќ. Потоа ќе следува поетски рецитал на учениците од Основното училиште „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане.  

    Настанот е закажан во 11 часот, а домаќинот за сите заинтересирани граѓани организира автобуски превоз во 10.15 часот од пред туристичката агенција „Јоцо-турс“.

    Бомбардирањето на Србија беше пред 20 години, поточно од 24 март до 10 јуни 1999 година. Прво се напаѓаа само воените објекти, а подоцна и индустриските капацитети, инфраструктурата, болници, телевизии... Тогаш загинаа над 1000 припадници на армијата и полицијата, и над 2000 граѓани, од кои 88 деца. Државата беше урнисана, а вкупната штета се проценува на 30 милијарди долара.