×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одземени овластува и дисциплински постапки за припадниците на АРМ кои ширеа лажни вести

    21.03.2019 14:26 | KumanovoNews

    АРМ им одземало „одредени овластувања“ на двајцата свои припадници, од кои еден кумановец, осомничени за ширење лажни вести, кои ги откри белгискиот истражувачки новинар Мартен Шенк.

    Одземени овластува и дисциплински постапки за припадниците на АРМ кои ширеа лажни вести

    Против двајцата, инаку мајор-офицер за безбедност и професионален војник, АРМ најавува и други санкции, по формалното завршување на дисциплинската постапка, пренесува порталот МЕТА.мк.

    „Едниот припадник е повлечен од мисијата во Босна и Херцеговина, каде што досега бил. Превземени се чекори за повлекување на одредени овластувања кои тој ги има, исто и за овластувања кои ги има војникот, а за други мерки ќе зборуваме по завршувањето на дисциплинската постапка, каде треба да завршат роковите за жалба“, велат во Генералштабот на АРМ.

    Во МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се уште го испитува случајот.

    АРМ води дисциплински постапки против мајор и професионален војник посочени како оператори на сајтови со лажни вести во истрагата на белгискиот новинар Мартен Шенк. Дисциплинската комисија треба да утврди колку со лажни вести на мрежа на интернет-сајтови и лажни „Фејсбук“ профили, го нарушиле угледот на Армијата.

    Според степенот на прекршување на работната дисциплина и на одредбите од Законот за служба во АРМ, на двајцата им се закануваат санкции од писмено предупредување, до отказ.

    Истрагата која ја води МВР, пак, покрај двајцата активни припадници на АРМ опфаќа и поранешен питомец на Воената академија, а потоа инспектор во МВР.

    Шенк, истражувач и проверувач на факти, ги открил тројцата оператори на мрежи на сајтови за лажни вести во две независни истраги, објавени на неговата интернет страница https://leadstories.com/.