Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура во Крива Паланка, викендов се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни.
На фестивалот, покрај домаќините „Распеани паланчани“ настапија пејачки друштва од Радовиш и Пехчево, градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво „Еделвај“ од Ќустендил, Р.Бугарија.
Сите љубители на убавата староградска песна, имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат, соопштуваат организаторите.