500x100-1
10. 11. 2014 10:04

„Тропико бенд„ вечерва на Градскиот плоштад

„Тропико бенд„ вечерва на Градскиот плоштад

Српската поп-група „Тропико бенд“, вечерва во 21.30 часот, ќе настапи на Градскиот плоштад во Куманово, по повод 70 години од ослободување на градот.

Годинава изборот падна на оваа музичка група, која е доста популарна кај младите. Се надеваме дека направивме добар избор и дека сите ќе уживаaт во нивната музика. Концертот ќе трае околу 3 часа, а како предгрупи ќе настапат кумановските пејачи Евгенија Чанчалова и Мартинијан Кириловски -изјави Нино Величковски, претседател на фондацијата за спорт и култура.

За настапот на „Тропико бенд„ општината издвои 5 илјади евра. По завршивање на концертот ќе следува голем огномет.

 Куманово секоја година по повод Денот на градот организира концерти за своите граѓани. Досега гостувале многу балкански звезвди меѓу кои: Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ, Аца Лукас, Бајага, Елена Розга, Борис Новковиќ, Петар Грашо, Даниела Мартиновиќ, Калиопи, Тоше и други.