×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има посебен шарм и позитивен вирус

    05.02.2016 09:28 | KumanovoNews

    Интервју Јусуф Љатифи, претседател на Здружението “Кумановски акцијаши“

    Куманово има посебен шарм и позитивен вирус

    Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Куманово е многу убаво место за живеење, јасно не е се сјајно има и лоши страни кои не се нерешливи. Од една страна не ми се допаѓа режимот на сообраќајот односно како е регулиран, видно е зголемен бројот на возила што со себе носи и создавање на паркинг места, стојалишта за такси возилата, а се во штета на нас пешаците и зелените површини. Кај долниот парк состојбата на Липковска река, во самиот град грда слика на запуштеност на некогашните фабрики 1-ви Мај и Жито мел, посебно оваа последната. Недостиг на еден вистински центар на културно младинско творештво, има многу други елементи кои мене лично не ми се допаѓаат, но ќе ја спомнам само уште и многу лошата еколошка свест на нас самите граѓани односно созадавање на секој агол мали депонии на смет, шут итн.

    Што би смениле во градот?

    Центарот на градот, поточно околината на плоштадот би го забранил за возила, плоштадот со околината би се претворил во едно големо шеталиште, мирно. чисто и безбедно за сите. Би го регулирал и уредил коритото на Липковска река од урбаната заедница Бедиње се до Туш, со што рекреативниот простор би се проширил. Занаетчискиот дом да биде центар на занаетчиските еснафи и младински центар- простор кој бесплатно ќе го користат младинските асоцијации и здруженија итн.


    Каде ќе прошетате гостин кој прв пат доаѓа во градот?


    Не би избирал, сè по ред, а и се зависи од тоа гостинот какви интереси има, што би сакал да види.

    Што не би покажале на пријател кој прв пат доаѓа во Куманово?


    Листата е долга, но секако не би ги шетал по населбите кои се еколошка катастрофа.

    По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?


    Прашање на кое ќе добиете мал милион различни одговори. Куманово има еден чуден шарм во вид на позитивен вирус кој и на минувачот му дава чувство како да е дома, во својата средина. Отвореноста, блискоста, искреноста се само дел од оние епитети кои го красат нашето Куманово. Имам чувство за разлика од другите градови, со сите свои жители од различни верски и етнички припадности, како да е една душа, синхронизирано да дише и си го живее својот живот.