500x100-1

Бомбите или рочиштата се поголема „Вистина за Македонија“?

Митко Бојмацалиев

„Вистината за Македонија“ е проект кој почна со мала група, водена од неколку луѓе на кои многумина не баш искрено им посакуваа успех или пак на тоа гледаа како една мала авантура, која ќе нема среќен крај... Таа мала група прерасна во граѓанско движење, кое успеа со слога и поддршка проектот “Вистината за Македонија“ да го предаде на други лица.

Тие, пак, наидоа на голема сенародна поддршка која секој ден растеше во очекување на невозможното, барем до тогаш, да се впери прстот во власта, во лице со име и презиме. Околу тоа за групите и очекувањата нема да зборувам. Веќе помина и не се случи најстрашното.

Дали рочиштата прераснаа во едно ново збиднување во нашата држава, еден нов проект “Вистината за Македонија“? Јас ќе кажам ДА, но тие се сега нов проект под наслов “Правда за Македонија“. Изминатите месеци по порталите го читаме она што сме го гледале само на филмови и серии. Вакви местенки и вакви планирање ни најголемите режисери ги немаат ставено во сценарија, но еве кај нас некои луѓе решија да ја изрежираат најстрашната игра во една мала држава со еден напатен народ, кој секогаш страдал најмногу од своите...

Дали нешто научивме, дали нешто се смени од кога режисерите на повеќето позиции се сменија? Јас ќе кажам ДА. Се смени многу, но недоволно за да го осети обичниот човек. Малку да му се ублажи болката и неправадата од 11 години, бидејќи и обичната главоболка не се лекува за кратко и за тоа треба време и одреден период. И затоа мандатот е 4 години, за да се случат повеќе промени за да осетат сите да се излечи и да ја снема главоболката. Да имаат бенефит сите, секогаш мора да има поддршка и трпение.

Се надевам дека лекцијата е научена, се надевам дека лажниот патриотизам е препознаен и дека вистинското помирување е поддржано и разбрано онака како што треба, само со помирување и поддршка може да одиме напред. Без тоа ќе се вртиме во круг, еден на друг ќе се осветуваме и нанесуваме болка која нема да има крај.

На сите нас ни треба ново време ни треба европска држава со европски вредности.

И на крај не е ни битно дали „Бомбите“ или судските рочишта се поголема „Вистина за Македонија“ - битно е да направивме разликата помеѓу вистинските вредности и да ја научивме лекцијата!

Митко Бојмацалиев

*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*