500x100-1

МОЖЕ ЛИ НА НАС НЕШТО ДА НИ ВАЉА?

Виктор Божиновски

Изминатите недели во Македонија настаните на сите полиња се редат со невидена брзина и целиот "систем на вести" и известувања дојде на ниво на она што американците го викаат "24-hour circle news", односно дека секоја најнова вест за 24 часа веќе е стара бидејки дошла нова, "посочна" од претходната. Тоа и не е толку страшно, а со оглед на состојбите односно предизвиците со кои државата се соочуваше во изминатата година и со кои сеуште се соочува и не е толку баш за чудење. Премногу работи ни се случуваа 11 години, а очигледно, јавноста е гладна за се‘ "веднаш и сега" па можеби ова на изглед е премногу, па понекогаш е подобро и да искочиме надвор и да се наголтаме (не)чист воздух отколку да седиме пред ТВ и да ја чекаме следната "Breaking news".

Но, она што на мене секојдневно ми паѓа во очи, а што и не ме изненадува, е оној нашиот кумановски и македонски менталитет во кој на никој никогаш ништо не може да му се удоволи, да му биде по кејф, да каже "алал вера, ова е добро направено". НЕ, ние тоа не умееме, или потсвесно немаме капацитет за такво нешто или свесно се однесуваме како секој од нас да може и побрзо и подобро да заврши работа.

Да почнеме од најсложениот проблем, загадувањето. Се согласувам, премногу е, ама кога некој ќе почне барем нешто да прави, на нас "не ни ваља"! Земал министерот за здравство, решил да подели 43000 бесплатни маски против загадувањето за хронично болните, арно ама он да ти бил "ко Дедо Мраз за Нова Година, а за оние што ќе починале ќе немало ништо"! Пазете која морбидност... СТРАШНО!

Или онаа на Столе за атентатот на Киро... го организирале Бранко и Фрчко! Абе малите деца на овој настан не се ни сеќаваат или не ни биле родени, ама ние постарите луди сме?! Не знам која му е поентата на 83 години да зеза цела држава со глупости, али да се најде и некоја будала кога напишала "обвинителството да отворело истрага по допрен глас". Лудаци.

Најбоља секако е "Сказната за Грујо и другарите"! Додека главниот лик Грујо се шеташе, сите "пиштеа" дека треба да се суди и осуди. ОК, се слагам. Откако се осуди, ај сега немој Апелација да му ја укине пресудата. И тоа помина. Ај после судијата ќе му ја одложил казната... и тоа не бидна. За цело време додека типот си го прашувал обезбедувањето кој затвор е најлесен во Македонија, он со 4 - и со слова - четири странски служби се догововарал како да избега (можеби грешам, ама така мислам), зашто според неговиот психолошки профил се знаеше дека од функција, моќ и раскош да се пресели во Шутка на 2 години со голема веројатност да стигне и до бројката 15-20 години, тоа нема да го издржи. Па сега не ни чини СЈО, кое до пред 2 недели имаше 80% подршка, не ни чини МВР кое исто имаше 60-70% подршка, не ни чини ни судот, кој додуша кај граѓаните никогаш не бил особено популарен, ама еве ни шанса уште малку да му "дотуриме сол"! Е сега, кога се случи тоа што се случи, фрчат притвори на сите страни... и за Миле, и за Кире, и за бате Саше и за оној муфлонот од ДБК. На нас пак не ни чини! "Па зошто сега притвори кога почитувале судски решенија, се јавувале на суд, па ај ќе истражуваме кои и чии се оние 11 милиони евра, па Миле немал ниедна сметка во странство"... Бог да чува. Епа ај сите да ги остават надвор, па не дај Боже повторно све од почеток!

Понекогаш, навистина ми се излегува надвор на чист воздух зашто секогаш се потсетувам на онаа стара - може ли на нас нешто да ни ваља?

Виктор Божиновски

*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*