×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинување како реформа

    Горан Гелевски

    Пишувам метафорички :Јас воведов реформа во мојот дом за штедење на електрична енергија, ја исклучив струјата и сега имаме многу ниски сметки за струја и сме задоволни во нашето семејство, штедиме по 5000 денари месечнo, но сме без струја. Мојот пријател исто така воведе реформа,вложи во изработка на погон кој произведува струја и тој е задоволен, штеди по 5000 денари месечно, но има струја. Вака би сакал да ја започнам мојата колумна со укинување на екстерното тестирање во образованието изразено на поинаков начин. Сега имаме укинато екстeрно тестирање,имаме помалку стрес кај учениците(кој реално не е поголем стрес од некоја обична контролна задача по некој предемет), но затоа во иднина ќе имаме нереални оценки и помалку квалитетно образование во основните и средните училишта. Укинувањето на екстерното тестирање не го признавам како реформа, реформа е нешто да се подобри, усоврши кон подобро и развие.

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ увиде недостаток во образованието, односно нереални оцени кои се пишуваат на учениците во основни и средни училишта. За да се елиминира овој недостаток беше воведено екстерното тестирање, како реформа кој би спречила појава на нереални оцени кај учениците. Кому му смета ваков вид на оценување? Им смета на добро ситуирани и влијателни родители кои можат да имаат влијание врз наставниците за да ги подобрат оцените на нивните деца, кои подоцна ќе завршат основно и средно образование со помалку знаење од децата кои реално си ги заслужуваат оценките.

    Неретка појава е на некој наставник да не му се допаѓа некој ученик или од некои негови лични фрустрации да му стави пониска оценка на истиот,дали тоа би било на свесно или несвесно ниво. Екстерното тестирање овозможуваше да не се случи ваква појава, односно оценката што ќе беше пишана од страна наставникот мораше да биде во склад со неговото знаење. Од први јуни 2017 година учениците се оставени на милост и немилост кај наставниците, пак ќе напоменам секоја чест на исклучоци но постојат и вакви случаеви.

    Новата влада предводена од СДСМ вети укинување на екстерното тестирање и го оствари првото ветување, иако јас лично укинувањето не го сфаќам како реформа. Најпрвин од оваа нова влада јас лично барам објаснување, како со укинувањето на екстерното тестирање ќе се подобри основното и средното образование. На кој начин новата влада предводена од СДСМ ќе обезбеди гаранција за квалитетот на оценките кај учениците, односно како ќе го спречи влијанието на “влијателните“ родители врз наставниците? Како и на кој начин новата влада предводена од СДСМ ќе спречи нереално ставена оцена од наставник, кој дали од несоодветно поставени критериуми на оценување, дали од негови лични фрустрации може да стави пониска оцена на ученик од онаа реалната која тој ја заслужува?

    Од новата влада предводена од СДСМ во поглед на образованието очекувам и реално воведување на реформа која навистина би го подобрила квалитетот на образованието и животот воопшто. Исто така од новата влада предводена од СДСМ очекувам да ги проголжи реформите кои веќе беа воведени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како во образованието, така и во другите сегменти од општествениот живот на луѓето.

    Горан Гелевски Горан Гелевски - психолог и семеен советник, член на комисија за образование на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*