500x100-1

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2018 година

ОПШТИНА КУМАНОВО

Врз основа на точка 4 и точка 6 од Програмата за субвенционирање на граѓаните за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 17/2017), Општина Куманово објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2018 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Куманово, со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, направени за приклучна такса кон гасификациона мрежа по денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 30.11.2018 година.

1.2. Средствата што ќе ги надоместува Општина Куманово се во износ на 10.000 денари за одобрено барање за субвенционирање за приклучок кон гасоводната мрежа.

1.3. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Куманово,  во печатени и електронски медиуми. За времетраењето на повикот, најмалку двапати ќе има повторно известување на јавноста преку електронските медиуми.

1.4. Услов за учество во јавниот повик е купувачот да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија.

2. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Куманово, кои имаат склучено Договор за приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа и Решение за приклучување издадени од ЈП „Куманово Гас“ и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок. На јавниот повик немаат право на учество домаќинствата кои имаат веќе остварен приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, барателот до Општина Куманово ги доставува следните документи:

- Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема претходно инсталиран приклучок од ЈП „Куманово Гас“.

Барањето може да се подигне во архивата на Општина Куманово или да се обезбеди од интернет страницата на Општината:www.kumanovo.gov.mk.

- Доказ за жителство во Општина Куманово, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде ќе биде приклучокот).

 Доказ во оригинал дека има склучено Договор за приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа и Решение за приклучување издадени од ЈП „Куманово Гас“ по денот на објавување на повикот.

2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

2.4. Барателот Барањето заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Општина Куманово, ул.11 Октомври бб, во архивата на Општина Куманово, секој работен дн од 09:00 до 15:00 часот.

2.5. На пликот треба да стои: Јавен повик за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година, како и името и презимето и адресата на барателот.

3. Начин на спроведување на јавниот повик

3.1. Градоначалникот формира комисија за спроведување на јавниот повик, со решение.

3.2. Комисијата има за задача:

    -  да ги провери пристигнатите пријави и документација,

           -  да изготви листа на баратели-добитници на субвеции.

3.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 1.000.000 денари, но не подоцна од 30.11.2018 година.

3.4. За пристигнатите и обработени пријави ќе се води листа со следните податоци:

    - име и презиме и адреса,

    - датум и час на пристигнатата пријава на јавниот повик.

3.5. Општина Куманово, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно ангажирање, но не подоцна од 30.11.2018 година. Во моментот кога ќе се искористат средствата  од  предвидениот буџет, Општина Куманово го објавува завршувањето на јавниот повик на својата веб страна.

4. Начин на остварување на правото на надоместок

4.1. Градоначалникот на Општина Куманово ќе донесе решение за исплата на средства во износ од 10.000 денари, на граѓаните на Општина Куманово, од средствата потрошени за приклучна такса кон гасоводната мрежа, доколку утврди дека се исполнети условите од овој јавен повик.