500x100-1

Соопштение: Промоција на туристички атракции во 3Д–ТАП3Д

Проектот од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија (2014-2020) „Промоција на туристички атракции во 3Д – ТАП3Д“, кој започна на 18.10.2016 го имплементираат Обласната Администрација Ќустендил (водечки партнер) и Центарот за развој на Североисточен плански регион - Куманово (партнер). Завршна конференција и презентирање на постигнатите резултати е предвидено да се одржи на 16 Октомври 2018 од 11 часот во општина Крива Паланка.