×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбициозна програма на шаховскиот клуб Куманово

    22.01.2010 14:21 | KumanovoNews

    На првото годишно Собрание на градскиот шаховски клуб „Куманово“ беше усвоене амбициозна и квалитетна програма за работа. Таа е насочена исклучиво кон омасовување на членството и успешно организирање на повеќе спортски манифестации на локално, национално и меѓународно ниво.

    Амбициозна програма на шаховскиот клуб Куманово

    Програмата содржи активности кои се однесуваат на организирање на повеќе шаховски натпреварувања и турнири, но и на подготовките на членовите за нивно учество, преку тренинзи и обуки. Меѓу најзначајните спаѓаат: натпреварите во поединечна и екипна конкуренција во основните училишта и отвореното младинско првенство на Куманово. Tурнирот на Североисточен регион, средбата со збратимените градови, празнични викенд турнири по повод „11 Октомври“ и „11 Ноември“ и меморијалните турнири Стојан Ивановски-Слога, Среќко Крстевски-Цмко, Здравко Стојковски и Арсен Величковски, учество на ОПЕН - Скопје и ОПЕН - Белград се исто така дел од нашите активности - вели претседателот Слободан Ковачевски.

    Заради омасовување на шахот во програмата се предвидува и формирање на шаховска школа за пионери со која ќе раководи тимот предводен од секретарот на клубот, фиде - мајстор Зоран Илиќ заедно со мајсторските кандидати Неџмедин Садики, Влатко Крстевски, Милисав Серафимовски, Срѓан Христовски, Сашо Симов и Драги димитриевски.

    Посебен акцент во програмата се става на сениорската шаховска екипа која учествува во прва лига, а со цел да  добиеме подобар пласман.  Се предвидува и зајакнување на екипата со играчи од странство - најавува Ковачевски.

    Собранието го усвои и календарот за оддржување на натпревари во 2010 година, финансискиот план и завршната сметка за 2009 година. Исто така беа избрани и органи за управување на клубот.

    Шаховскиот клуб има голема подршка од градоначалникот и Советот на Општината Куманово, ФЗЦ и јавните претпријатија. Реновирањето на новите простории на ул. „Ленинова“ го помогнаа приватните претпријатија „Мега“, „Шмеки“, „ДБД“, „Демир-Импекс“, „Електро-Куманово“ и „Трипласт“ Скопје.