×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Англија гостува во Куманово

    17.10.2010 08:52 | KumanovoNews

    Во вторник во Куманово со почеток во 19.30 часот во Спортската сала, македонската футсал репрезентација ќе игра со селекцијата на Англија .

    Англија гостува во Куманово

     Македонската футсал репрезентација на 18. и 19. октомври во Скопје и Куманово ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Англија. Првата средба се игра во СРЦ Кале в понеделник со почеток во 20.30 часот и во вторник во Куманово со почеток во 19.30 часот.

    Ова се средби со кои започнуваат подготовките за следниот квалификациски турнир за ЕП што ќе се одржи од 20-25 јануари во Македонија.

    Ги поканувам љубителите на футсалот да дојдат на средбите со селекцијата на Англија која располага со извонреден квалитет и во своите редови има 4 бразилци. Ова ќе бидат извонредни тест мечеви за нас и темпирање на формата. Покрај стандардните шанса во овие подготвителни дуели ќе добијат и играчи кои се наметнуваат со формата и дисциплината во своите клубови"- истакна селекторот Васко Скендеровски во интервјуто за официјалниот веб сајт на ФФМ.