×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Барселона ги зголеми приходите и профитот

    29.01.2010 14:27 | KumanovoNews

    Барселона, актуелниот шампион во Европа и Шпанија ги зголеми своите приходи во период од јули до декември минатата година и со тоа оствари нето профит од 8 милиони евра.

    Барселона ги зголеми приходите и профитот

     Во соопштението на каталонскиот клуб се наведува дека во второто полугодие од минатата година приходите изнесувале 222,8 милиони евра, што е 19,7 % повеќе 2008 година.

      За такви подобри резултати допринесоа новите спонзорски договори со телевизиската куќа ТВ3, Етисалт и  Туркиш ерлајнс, а покрај тоа поголем приход е остварен и од продажбата на влезниците.

      Расходите на клубот во период од јули до декември зголемени се за 27, 1 % и со 166 милиони колку што изнесуваа и во 2008 година пораснаа на 211 милиони.

      До тоа зголемување  дојде пред се поради ангажирање на нови и доста скапи играчи како што се Златан Ибрахимовиќ, како и поради зголемените бонуси за дури шест освоени титули во 2009 година.

      Новите податоци покажуваат дека Барселона од година во година докажува дека може да се самофинансира и има развиено респектабилан модел на почитување