Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коби Брајант стана нов најдобар стрелец на Лос Анџелес Лејкерс на сите времиња. Тој го смени легендарниот Џери Вест кој поради сите маестрални натпревари од 1960 до 1974, заслужи неговата силуета да го представува и денеска важечкото НБА лого.
Ѕвездата на Лејкерс во својот 933 по ред НБА настап дојде до 25.208 постигнати бодови.
„И покрај поразите морам да кажам дека ми е важен овој рекорд. Да се биде најдобар стрелец на овој клуб во кој играат Вест и многу други добри кошаркари навистина е нешто посебно“ - рече Брајант.