500x100-1
13. 10. 2018 22:26

Дерби на првиот домашен натпревар на Куманово

Дерби на првиот домашен натпревар на Куманово

Кошаркарите на Куманово во недела го играат првиот натпревар на домашен терен во новата сезона, каде што го  пречекуваат тимот на Гостивар.

Куманово и Гостивар беа директни конкуренти минатата сезона за пласман меѓу четирите најдобри што создаде специфично ривалство помеѓу овие два клуба. Куманово минатата сезона беше поуспешен, меѓутоа Гостивар се засили со Александар Костовски кој прв пат ќе игра против поранешната екипа од напуштањето на клубот каде што ја играше најдобрата кошарка.

Минатото коло Гостивар беше подобар од Кожув, додека Куманово го совлада тимот на Вардар.

Натпреварот започнува во 17:45, се игра во салата на Економското училиште а ќе биде директно пренесуван на МРТ.