500x100-1
23. 06. 2018 16:51

Државно првенство во друмски велосипедизам ќе се одржи во Куманово

Државно првенство во друмски велосипедизам ќе се одржи во Куманово

Државно првенство во друмски велосипедизам ќе се оддржи утре (недела) во Куманово, во организизација на велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“, Велосипедска Федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови на Куманово.

Државното првенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка и победникот ќе се закити со титулата државен првак на Македонија.

„Куманово како и во претходните години така и годинава е домаќин на оваа манифестација, а патеката на која ќе се вози е Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниори и мастерс, додека пак помалите кадети и категорија жени ќе возат на релација Куманово – Страцин – Куманово, - изјави спортскиот директор Марјан Петровски .

Трката ќе започне на плоштадот во Куманово во 10 часот, а ќе ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски. Целта ќе биде на ресторанот Кеј.