500x100-1
22. 06. 2018 17:29

Двајца кумановци на Светското првенство - импресионирани сме од Русија

Двајца кумановци на Светското првенство - импресионирани сме од Русија

Дваесет и осумгодишните кумановци Стефан Димитриевиќ и Милан Стоилковиќ, се ретките кумановци кои имале среќа за заминат на Светското првенство до Русија, и натпреварите на фудбалски репрезентации да ги следат од трибините на големите стадиони.

Тие вечерва ќе ги бодрат фудбалерите на српската репрезентација и се надеваат на голема победа.

 „Вечерва ќе одам на натпреварот Србија - Швајцарија, сега сум во Калининград. Очекувам добар и неизвесен натпревар, се надевам дека ќе победи Србија, па ќе видиме како ќе биде. Само нека биде фер-плеј.  Го следев и натпреварот Србија и Костарика во Самара и беше фантастично чуствотото“, - ни напиша Стефан од Русија.

Тој заминал на Светското првенство затоа што тоа му е животен сон, голема желба да ја доживее магијата на големите спектакли, а подршката што ја добил од другар му Милан била пресудна да тргнат заедно во Русија.

“ Прв пат сум во Русија и искрено ме импресионира нивната љубов кон својата татковина, како ја сакаат Русија и како се држат заедно. Русите се добри домаќини. Јас сум сместен во стан кај двајца Руси, млади момчиња кои и се многу слични во некои работи како нас од Балканот. Организацијата е супер, се е во најдобар ред засега, - раскажува Стефан.

Билетите за натпреварите се движат по цена од 100 до 2000 долари за финалето, додека во маркетите прехранбените производи се поскапи за десетина проценти од нашите.

Тој единствено  е малку разочаран од услугата во пабовите и ресторани, но тоа е занемарливо во однос на другите убавини и предности.

Најголем впечаток досега на првенството му оставила репрезентацијата на Португалија и Роналдо, како и репрезентацијата на Русија која има голема подршка од својот народ.

„Мој фаворит беше Аргентина искрено, но по киксот со Хрватска веќе тешко дека ќе стигне далеку. Така да типувам на Шпанија или Бразил. Најорганизирани и најбројни се латино американските навивачи, кои ги има секаде, а потоа Аргентинците, Бразилците и Мексинаците, кои се секогаш распложени. Тоа најмногу ми се допаѓа кај нив“, - вели Стефан.

Тој досега не се сретнал со навивачи од нашите градови, но затоа имало голем број на подржувачи на Србија и Хрватска. Вели дека со гордост на сите им кажува дека е од Македонија.

Стефан е вработен во ЈП “Чистота и зеленило“ во секторот Градски базен- Куманово и испраќа поздрави од Русија и од Калининград каде е денеска само 13 степени, до колегите во претпријатието и до неговите роднини.

Двајца кумановци на Светското првенство - импресионирани сме од Русија