500x100-1
16. 10. 2019 16:06

Две медали за пливачите на „Делфин“

Две медали за пливачите на „Делфин“

Андреј Живковски и Нина Трајковиќ, членови на пливачкиот клуб „Делфин“ од Куманово, освоија две медали на  пливачкиот митинг, кој викендов се одржа во Скопје.

Живковски освои второ место во машка категорија, а Трајковиќ е третопласирана во женска конкуренција. На натпреварувањето учествуваа и пливачите Леонид Алексовски и Глигорија Антевска.

„Нашите членови успешно го претставија нашиот клуб и забележаа одлични резултати во различни дисциплини. Андреј и Нина своите одлични настапи ги крунисаа со медали во категоријата 50 метри, градно. Леонид оствари лично најдобро време и во двете конкуренции, со кои се претстави краул и делфин. Глигорија како наш најмал претставник на ова натпреварување покажа дека е талент во кои треба да се вложува за постигнување на големи резултати,“ - вели Кире Милевски, професор во клубот.

Пливачкиот митинг го организираше Пливачкиoт клуб „Орион“ во Скопје, во конкуренција за кадети од 2008 година и помали.