500x100-1
01. 09. 2014 22:02

Кошаркарите и Кумани ја „запалија“ спортската сала уште на првиот тренинг

Кошаркарите и Кумани ја „запалија“ спортската сала уште на првиот тренинг

Пред речиси исполнетата Спортска сала, кошаркарите на Куманово го одржаа првиот тренинг и се претставија пред публиката.

Кошаркарите тренираа пред повеќе од 3000 гледачи, а посебна атмосфера во салата направи навивачката група „Кумани“, и му даде посебна убавина на настанот.

Оваа година Куманово пред се ќе гледа добра кошарка со добри играчи, ќе имаат прилика да ги видат нашите „кумановци“ кои поникнаа во Куманово и ќе ја добијат својата шанса. Тренерот е исто така кумановец кој со Страшо Тодоровиќ се идеална комбинација и имаат огромно искуство како играчи и одлично ќе соработуваат како тренери. Тимот е составен од млади стански и домашни кошаркари, кои имаат во просек 25 години освен Мандиќ кој со неговата борбеност и квалитет од минатата сезона докажа дека заслужува да игра во тимот и оваа година, и се однесува како да израснал во Куманово. - изјави Бане Јовановски, претседател на клубот.

Јовановски потврди дека цел во домашното првенство е пласман во Плеј-оф, и дека тимот ќе се потруди на секоја екипа да и биде тешко кога ќе игра против Куманово.

Мора да кажеме дека Куманово нема голем буџет како останатите тимови, како Работнички, МЗТ, Кожув, но Куманово има армија на навивачи која е најдобра во нашата држава. Можеме да забележиме дека Куманово на првиот тренинг има повеќе навивачи него што некои тимови имаат на регуларен натпревар. Костовски имаше една изјава во која изјави дека пред кумановската публика се игра 20-30 проценти повеќе. На секој противник ќе му биде тешко да игра против нас - заклучи Јовановски.

Повратникот во тимот, Александар Костовски изјави дека немал тешка одлука кога ја добил понудата од Куманово.

Можам да ветам максимално залагање на сите играчи и огромна борбеност кога е во прашање следната сезона. Знам како е да се игра во Куманово, и немав двоумење кога требаше да се вратам тука. Јас сум голем фан на кошарката во Куманово, може да се каже и дека сум навивач на Куманово - изјави после тренингот Костовски.

На денешниот тренинг, и составен дел од клубот се кумановчаните Стефан Круневски и Филип Стојановски (младински играчи на КК Куманово и Бал Фор Лаиф), Милош Нинковиќ(поранешен кошаркар на КК Куманово) и Кристијан Маневиќ, од домашните играчи Марјан Младеновиќ, Марјан Јаневски, засилувањата Џанер Осман, Александар Штерјов, Александар Костовски, миленикот на домашната публика Вукашин Мандиќ, и странците Брајан Оливер, Тајлер Хајнс и Радоје Вујошевиќ.

Играчите одиграа меѓусебен тренинг натпревар со многу атракции, а тренингот заврши со гасење на светлата, палење на „бакљи“ по што кулминираше атмосферата во Спортската сала.

Кошаркарите и Кумани ја „запалија“ спортската сала уште на првиот тренинг