15. 05. 2018 12:17

Кошаркарите ја завршија сезоната

Кошаркарите ја завршија сезоната

Кошаркарите на Куманово загубија и во третиот натпревар од тимот на Работнички со резултат 81-65, со што ги завршија своите настапи во домашното првенство.

Работнички не препушти ништо на случајот и не дозволи изненадување, па со три победи во низа го покажа својот квалитет и по четири години се наоѓа во борба за државен првак.

Куманово одигра одлична сезона во која влезе амбициозно, со настап во домашното првенство и БИБЛ лигата. Тренер на тимот беше Игор Михајловски, тимот играше добро меѓутоа густиот распоред и несреќните расплети доведоа до поголем број на порази во однос на победи. За негов наследник беше именуван Александар Петровиќ а во тој период се случи и смена на градоначалничката позиција и на местото на Виктор Божиновски за претседател на клубот беше именуван Младен Давидовиќ. Кратењето на финансиите резултираше со целосна реорганизација на тимот, и одкажување од БИБЛ лигата, а по тој отказ, Куманово беше блиску да ја доживее судбината на Карпош Соколи.

Сепак екипата успеа да се издигне над проблемите, и да почне да бележи добри резултати. Победата против најдобрите четири Работнички, МЗТ, трите победи против Блокотехна, директниот конкурент со многу поголем буџет Гостивар и сите екипи од долниот дел од табелата му донесоа на Куманово Плеј-оф завршница како круна на сето она што успеаа да го направат оваа сезона.

Тимот на Работнички го чека својот противник во финалето. Денеска се игра четвртиот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Блокотехна. Актуелниот шампион води со 2-1 во серијата, а вечерва останува да видиме дали ќе го гледаме вечното дерби во финалето или ќе се игра мајсторка по која ќе биде решен вториот патник во финалето.