500x100-1
08. 02. 2019 10:52

Кошаркарите му гостуваат на лидерот Работнички

Кошаркарите му гостуваат на лидерот Работнички

Во рамките на 15.коло, кошаркарите на Куманово утре му гостуваат на тимот на Работнички.

Натпреварот се игра во 18 часот во салта Градски парк, каде што кумановчани ќе се обидат да му го нанесат вториот само пораз на актуелниот шампион. Куманово минатото коло беше убедливо против Охрид, и со скор од седум победи и шест порази се бори за најмногу четвртата позиција на табелата, имајки впредвид дека МЗТ Скопје, Блокотехна и Работнички меѓусебе ќе ги поделат првите три позиции.

Фени Индустри, Гостивар и Куманово се тимовите во средината на табелата, а борбата за опстанок ќе ја водат Пелистер, АВ Охрид, Вардар и Шкупи.