×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите пред силен противник

    18.12.2010 09:52 | KumanovoNews

     Кошаркарите на Куманово денеска ги чека тежок натпревар против екипата на Работнички од Скопје. Најтрофејниот македонски клуб, во Куманово доаѓа по својата четврта победа во низа, или вкупна десет колку ги оствари во оваа сезона. Наспроти него кумановчани се на дното на табелата со само три победи и 9 порази.

    Кошаркарите пред силен противник

    Куманово сеуште неможе да воспостави стабилност и сигурност во својата игра. Многуте осцилации го чинеа пораз од екипита на Лирија и АБА Струмица на домашен терен, порази кои го одалечија од желбата на раководството да се пласираат меѓу најдобрите шест екипи и првенството го продолжат во Супер лигата. Веројатно проблемот треба да се бара на плејмејкерската позиција. Радојчиќ беше оној кој го диктираше темпото и превземаше одговорност во клучните моменти на натпреварите, па со него Куманово дома изигра одлично полувреме против шампионот Фени, и беше на чекор до победа во тензичниот натпревар против МЗТ. Сега поголемиот дел од одговорноста ја презема Матиќ, но понекогаш остава впечаток дека не се носи најдобро со таа улога. Ратко Петриќ има пад во формата а последниот натпревар воопшто не играше, а во негово одсуство одлично се покажа Микиќ кој воглавно има добра статистка без многу истакнување на теренот. Од останатите играчи Станимировиќ придодава речиси десеттина поени по натпревар, Нинковиќ е добра замена на плејмејкерската позиција, а останатите играчи сеуште немаат стабилност во играта, па пред натпреварите тешко е да се процени кој од нив ќе пружи добра партија. Ваквата поставеност не беше доволна да се совлада Лирија на крајот, а натпреварот со АБА беше загубен уште во првото полувреме. Во првиот натпревар Работнички беше поуспешен на домашен терен со резултат 80-66.

    За разлика од Куманово, Работнички полека но сигурно ја комплетира својата екипа пред почетокот на вториот дел од сезоната. Покрај репрезентативците Димитар Мираковски, Златко Гоцевски тимот го комплетираат искусниот Тони Симиќ, Енес Хаџибулиќ, Александар Димитровски и некогашниот играч на Куманово, ветеранот Перо Блажевски. Репрезентативецот Ристе Стефанов е неизвесен и не настапи минатиот натпревар. Тоа се главните играчи на кои ќе смета тренерот Марјан Србиновски, а клупата ја докомплетираат младите играчи кои потекнуваат од школата на Работнички. Клубот се наоѓа на третата позиција на табелата и има амбиции за освојување на годинешново првенство.

    Вечерашниот натпревар почнува во 19 часот во Спортаската сала Куманово.