500x100-1
07. 10. 2019 11:08

Кумановки со убедлива победа против Кузман Вардар Илинден

Кумановки со убедлива победа против Кузман Вардар Илинден

Викендов, во рамките на третото коло од државната лига, ракометарките на Куманово, остварија убедлива победа против ЖРК Кузман Вардар Илинден, со разлика од 25 гола.

ЖРК Куманово ја совлада екипта на Кузман Вардар Илинден со резултат 40:15.

Уште во првото полувреме од натпреварот, нашите ракометарки успеаја да постигнат резултат од 23:7, за на крајот, како што и рекоа од клубот во најавата за овој меч, да постигнат убедлива победа.

Најмногу гола на натпреварот постигнаат: Мила Трајковиќ 9 гола, Васка Глигоријадис со шест гола и Александра Боризовска со 5 гола.

Ова е трета победа на ЖРК Куманово, а следнио натпреварат ќе го играат против екипата на Пелистер на домашен терен.