×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го победи Овче Поле

    29.11.2010 00:06 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово успејаа на домашен терен да издвојуваат победа над Овче Поле. Во прекрасна атмосфера во Спортската сала во Куманово, кошаркарите триумфираа со резултат 89:81.

    Куманово го победи Овче Поле

    Целосната ротација на играчи во нашата екипа се покажа како исплатлива. Во игра не влезе само Антевски, а распределбата на силите беше клучна против седум од дванаесте играчи на Овче Поле кои влегоа на пархетот. Куманово постигна 20 поени од клупа наспроти нулата на гостите.

    Порај почетните три поени разлика, кумановци губеа со три поени и во почетокот на третата четвртина. Тоа беше и најголемата негатива на натпреварот па кумановчани до крајот на натпреварот имаа контрола над натпреварот. „Кршење“ на резултатот се случи кога Немања Јелесијевиќ покрај фаулот над Матиќ, заработи и техничка грешка ради приговор, па неговото исклучување им ја олесни работата на домаќините.

    Наефикасен на натпреварот беше Дарко Матиќ со 36 поени. Своја вечер имаше и Бојан Златковски со 12 поени и 9 скока, а исто толку поени постигна и Ратко Петриќ.

    Кај гостите Немања Јелесијевиќ постигна 27 поени.

    Внимание кај публиката предизвика и новиот член на стручниот штаб на Куманово. Некогашниот играч на Куманово од почетокот на деведесетите Љубослав Луковиќ, сега зазема едно од тренерските места во нашиот клуб. Освен него, големо внимание предизвикаа двата црномурести посетители кои неофицијално се на проба во КК Куманово.

    Кошаркарите на Куманово после натпреварот се вратија на терен да им одпоздрават на навивачите кои ги бодреа цели 40 минути. После оваа победа, КК Куманово се наоѓа на шестата позиција

    Следен натпревар кумановци го играат во Кавадарци против актуелниот шампион, и лидер на табелата Фени Индустри.