18. 04. 2018 15:04

Куманово го пречекува Гостивар во 5.коло од Суперлигата

Куманово го пречекува Гостивар во 5.коло од Суперлигата

Кошаркарите на Куманово утре го играат првиот Суперлигашки натпревар со тимот на Гостивар, од чиј исход може да има влијание која екипа ќе биде четвртопласирана на табелата.

Куманово засега не доживеа изненадување од Гостивар, иако дебитантот во најсилното натпреварување истакнува дека имаа амбиции да го одигра летниот дел од сезоната. Во минатиот дуел кумановчани загубија од Блокотехна, имаа кикс против Охрид но и направи изненадување против Работнички, па тимот на Александар Петровиќ сигурно дека ќе даде максимум во овој дуел.

Гостивар е петти со 15 победи и 11 порази додека Куманово се наоѓа на четвртата позиција со 16 победи и 10 порази. Со победа Куманово дефинитивно го трасира патот во Плеј-оф, ќе има 2 победи предност и подобар меѓусебен дуел, па Гостивар ќе мора да направи повеќе изненадувања до крајот на сезоната. Доколку Гостивар победи утре, тие се враќаат во борбата за четвртата позиција, па последниот патник во Плеј-оф веројатно нема да се знае до последното коло кога овие два тима повторно ќе играат во Гостивар.

Натпреварот Куманово - Гостивар се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.