×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово извојуваше победа против Вардар

    03.11.2018 12:10 | KumanovoNews

    Ракометарките на Куманово во тежок и неизвесен меч забележаа битна победа против тимот на Вардар со резултат 29-27.

    Куманово извојуваше победа против Вардар

    Предноста на домашен терен му создаде блага фаворитска улога на Куманово, и сите очекуваа да падне тимот на Вардар, што очигледно внесе мала нервоза во домашниот состав. Првото полувреме беше рамноправно а гостите од Скопје замина со гол предност. После паузата од полувреме Куманово ја подигна одбраната на повисоко ниво ја вратија предноста по што се очекуваше и поголема резултатска предност на Куманово.

    Вардар беше без идеја, но во нивното консолидирање голема улога имаше судиското дуо кое дозволуваше нападот на скопјанки да трае бескрајно долго. Куманово не успеа да го прекрши натпреварот, настапи нова нервоза во тимот што резултираше со губење на предноста од неколку гола.

    Сепак во последните две минути Куманово одигра одлична одбрана и со головите на Трајковиќ и Дабевска Куманово го постави конечниот резултат од 29-27 со што Куманово ја забележа осмата победа во сезоната и моментално е на првата позиција на табелата.

    Мила Трајковиќ постигна 7 гола, Сања Дабевка го заврши натпреварот со 6 гола, Александра Боризовска и Ана Шарановиќ постигнаа по 4 гола.

    За тимот на Вардар, Ивона Трпевска постигна 6 гола.

    Куманово со 25 бода е прв на табелата а зад него е Металург со 24 гола и натпрвар помалку.

    Следниот натпревар Куманово го игра против Гевгелија на гостински терен.