500x100-1
01. 03. 2019 14:55

Куманово против Кожув ја започнува завршната битка за Супер-лига

Куманово против Кожув ја започнува завршната битка за Супер-лига

Кошаркарите на Куманово утре играат дерби натпревар против тимот на Кожув, натпревар кој може да има големо влијание кога е во прашање која екипа ќе го продолжи натпреварувањето во Супер-лигата.

Двата тима имаат скор од седум победи и седум порази, и со 21 бод ја делат шестата позиција на табелата. Зад нив а АВ Охрид кој нема никакви шанси за пласман со 3 победи, а пред нив се Гостивар и Фени Индустри со 8 односно 9 победи.

Куманово загуби на првиот дуел помеѓу овие два тима со резултат 56-50, па за подобар меѓусебен дуел му е потребна победа од најмалку 7 поени предност.

Куманово до крајот на првенството има уште пет наптревари, меѓу полесните противници на списокот се наоѓаат Шкупи и Пелистер, а силна борба ги очекува против МЗТ Скопје, Фени Индустри и Блокотехна. Речиси идентична е листата на противници која ја има и Кожув кој во продолжението наместо со Пелистер ќе игра против Вардар.

Натпреварот ќе се одигра во салата на Економското училиште со почеток во 17:30, а влезот ќе биде слободен.