500x100-1
29. 10. 2019 09:37

Кумановски каратисти ќе учествуваат на Европското шотокан карате првенство

Кумановски каратисти ќе учествуваат на Европското шотокан карате првенство

 Каратисти од  клубот „Ронин Доџо“  Куманово ќе учествуваат на 11 Европско шотокан карате првенство, кое од викендов ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Инструкторот  сенсеи Оливер Милорадовски, вели дека цело лето и покрај многу настапи со клубот, активно се подготвувале со своите ученици за најголемиот карате настан во Македонија.

„Финалните подготовки се вршат со дупли тренинзи, секој ден заедно со асистентите Николина Милорадовска и Марио Антовски. Неуморно работиме со помладите колеги и покрај тоа што тековно се посетува училшната настава. Потребно е да се вложи многу енергија за да се одржат напорните тренизи и да се оправда минатогодишниот пласман на карате клубот на Европско првенство во Албена, Бугарија, - изјави Милорадовски, претседател на карате клубот „Ронин Доџо“- Куманово.

Висок пласман, минатата година, постигнаа Николина Милорадовска, Марко Вељковски, Теодор Чуриќ, Ања Ангеловска и Јована Стојковска, па се очекува и оваа година да покажат одлични резултати на натпреварувањата.

Кумановски каратисти ќе учествуваат на Европското шотокан карате првенство