500x100-1
25. 07. 2019 12:53

Кумановските атлетичари ќе учествуваат на државно-сениорско првенство во атлетика

Кумановските атлетичари ќе учествуваат на државно-сениорско првенство во атлетика

 Атлетичари од Атлетскиот клуб Куманово, викендов ќе учествуваат на Државното сениорско поединечно првенство во атлетика во Скопје.

Ќе се натпреваруваат повеќе членови, но очекуваме победа од Марјан Нојковски и Матеја Ефремовска, кои повеќе години наназад се дел од Сениорска репрезентација. Доколку победат ќе се пласираат во Сениорската репрезентација и оваа година и ќе земат учество на Европскиот куп, - изјави  Филип Колевски, тренер во Атлетскиот клуб Куманово.

Оваа година Македонската атлетска федерација ќе биде домаќин на Европскиот куп во трета лига, кој ќе се одржи на националната арена "Тоше Проески“ во Скопје.

„Ние секојдневно тренираме напорно, а воедно како атлетски клуб ја помагаме и сме вклучени во организацијата на Европскиот куп“- додава Колевски.