×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските боксери освоиjа 8 медали во Битола

    13.12.2010 08:01 | KumanovoNews

     Боксерите од БК Фајтер освоиjа 8 трофеи на 17 поединечно државното првенство во бокс за сениори, јуниори и кадети што викендов се одржа во Битола. Од тоа една е златна, 5 сребрени и 2 бронзени медаљи.

    Кумановските боксери освоиjа 8 медали во Битола

     Ибраи Мустафи го освои златото, додека неговиот брат Емран Мустафи, Зекир Зекири, Атдхе Мисини и Николче Митевски се закитија со сребро, а бронзените медали ги понесоа Ријад Амрујали и Роберт Мустафи.

    Во финалето боксираа 6 кумановски боксери. Во јуниорска конкуренција, ракавците ги вкрстија Николче Митевски во категорија до 64кг., кој во една фајтерска борба која беше вистинско задоволство да се гледа загуби на поени од Мартин Алексов БК Баркала, Атдхе Мисини исто така во тесна борба загуби од Синан Џеладини од БК Тернипе.

    Во сениорска конкуренција боксираа Зекир Зекири до 56 кг. кој загуби од домашниот боксер Јове Петровски БК Пелбит, по него излезе Ибраи Мустафи во категорија до 60 кг кој боксираше со Серхан Мемедов БК Скопје и победи со прекин во втората рунда. Потоа меч имаше неговиот брат Емран Мустафи во категорија до 69кг. кој загуби од Сашо Лескарски БК Охрид.

    Во полуфиналните натпревари настапија 3 боксери. Со јуниорите се боксуваа Роберт Мустафи во категорија до 56 кг. кој беше поразен од Арбин Алили БК Шкупи и Николче Митевски во категорија до 64 кг. кој го победи Демир Сабухан со прекин на почетоко на 2 рунда при водство на нашиот боксер од 6-0. Додека пак во сениорска конкуренција Ријат Емрулаи загуби со прекин во првата рунда од Александар Најдовски, БК Пелбит.