×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските планинари на марш по Козјак

    01.10.2010 12:39 | KumanovoNews

     Педесетина планинари од Куманово ќе учествуваат на традиционалниот планинарски марш.

    Кумановските планинари на марш по Козјак

     Спортско-планинарскиот клуб „Козјак„ од Куманово утре организира меморијален марш на падините на планината Козјак во чест на починатиот планинар Појак Калман.  Педесетина планинари од Куманово ќе учествуваат на традиционалниот планинарски марш.

    Појак Калман се смета за татко на планинарството во Куманово. Меѓу првите планинари и основоположници на клубот итотака и профессор и советник за планианрењето, кој своето знаење несебично го делел на генерациите планинари кои доаѓале. 12 година по ред  традиционално го организиртаме овој марш, а патеката им е добро позната на учесниците пешачиме Бајловце-Дејловце со кратка пауза на планинарски чај во домот во Дејловце кој го носи името Појак Калман, оттука продолжуваме за Арбанашко, па до Кокино со пауза на опсерваторијата и турата ја завршуваме со посета на црквата во Старо Нагоричане и споменикот на Зебарњак- вели Мартин Величковски, секртетар во СПК, Козјак.

    Спорско-планинарскиот клуб на 5-ти октомври организира презентација за експедицијата на 5-те планинари од Куманово, кои неодамна го освоија највисокиот врв ов Европа , Мон блан.