500x100-1
23. 09. 2019 21:19

Кумановските ракометари со победа ја започнаа сезоната

Кумановските ракометари со победа ја започнаа сезоната

Кумановските ракометари, со победа во првото коло ги започнаа натпреварите во првата машка ракометна лига 2019/20, откако ја победија екипата на РК Вардар од Неготино.

РК Куманово, на гостински терен ја совлада екипата Неготино Вардар со резултат: 23.18.

Во првото полувреме од натпреварот, резултатот бил изедначен со 8:8, а потоа домаќинот бил со само еден бод разлика од нашите ракометари со 16:17, за кон финишот на натпреварот МРК Куманово да достигне и резултат од 16:21.

Стрелци на настанот: Денковски 6, Стошиќ 5. Миладиновски 4, Димитров 2, Спасиќ 2, Стојковски 2, Цветковски 1, Даневски 1.

Во следното коло од лигата, екипата на Куманово ќе игра на гостински терен кај Ринија.