500x100-1
07. 11. 2019 22:18

Кумановските ракометарки го победија Вардар, ќе се борат за титулата против Металург

Кумановските ракометарки го победија Вардар, ќе се борат за титулата против Металург

Кумановските ракометарки, денес, покажаа како се игра со срце на домашниот терен и успеаја во тешката игра против екипата на Вардар да ја впишат и осмата победа во рамките на Првата женска лига, со резултат 27:24.

На почетокот од натпреварот, Куманово започна со одличен напад и со добра одбрана и на само 6 минути од почетокот резултатот беше 4:0 за нашите ракометарки.

Иако во текот на играта, резултатот варираше, а Куманово во 21 минута беше во водство со резултат 11:7, сепак на крајот од првото полувреме, техничките грешки кумановските ракометарки ги доведоа до победа од само 3 гола разлика, 13:10.

Во второто полувреме, играта постојано беше неизвесна, па некаде околу 14-тата минута нашите ракометарки беа само 2 гола во водство, односно со резултат 20:18.

Немањето на добра изградена акција и брзањето во натпреварот, нашите ракометарки на само минута и пол до крајот од натпреварот ги донесе само до 2 бода разлика 25:23.

За потоа добриот напад и бодрењето од публиката да придонесе за победа на ЖРК Куманово со резултат 27:24. Oвој натпревар немаше да биде тоа што е без 13 интервенции на голманот Кoсановиќ.

Наредниот натпревар ЖРК Куманово ќе го игра против екипата  "Овче Поле" на гостински терен, а одлучувачкиот меч за освојување на титулата ќе го игра против екипата на Металург на домашен терен.