500x100-1
06. 09. 2019 14:02

Кумановските ракометарки на домашен терен ќе играат против грчки Паок

Кумановските ракометарки на домашен терен ќе играат против грчки Паок

Женскиот рекометен клуб Куманово викендов, (сабота и недела), во спортската сала на „Перо Наков“, ќе ги игра последните два пријателски натпревари против ракометерките на Паок од Грција.

Тоа ќе биде последен тест пред натпреварите во ЕХФ купот и домашното првенство.

Првиот натпревар ќе се одигра во сабота во 18 часот, а вториот во недела во 12:00 часот.

Ова е второ гостување на грчкиот тим Паок во Македонија, додека Куманово до сега само еднаш имаше можност да гостува во Солун.

Натпреварот со Паок ќе се одигра по повод двата големи јубилеја во Куманово: 90 години од постоење на женскиот ракомет и 500 години постоење на градот.

Во првото колко од ЕКФ купот, ЖРК Куманово ќе игра против ДХЦ Славија Праг од Чешка на домашен терен на 14 и 15 септември.