×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските риболовци на натпревар во Полска

    08.06.2010 15:16 | KumanovoNews

     Претставници од Здружението на спортските риболовци „Мак-Дам„ од Куманово, денеска заминаа на Светско клубско риболовно првенство во Полска. Екипата на Куманово ќе ја претставува државата  како победник на минатогодишниот куп на Мавровското езеро.

    Кумановските риболовци на натпревар во Полска

     Ние на оваа натпреварување одиме за да се натпреваруваме во спортски риболов, но и на најдостоинствен начин да го претставиме и промовираме нашиот град и убавините на Македонија. На 11 јуни е официјалниот тренинг, додека на 12,13 јуни ќе се одржи натпреварувањето - рече  Маријан Вељановски претседателот на спортското риболовско друштво „Мак-Дам„ од Куманово.

    Риболивците се задоволни што кумановски клуб ќе се претстави во светски рамки и  ќе ги брани боите на Куманово.

    Подршка за учеството дадоа Општинскиот сојуз на спортови, Советот на Општината Куманово и градоначалникот. На овој Светски куп на спортски риболовци досега се пријавила 31 земја од стветот што гарантира добро дружење,забавивање и масовна посетеност.