500x100-1
27. 01. 2010 17:56

Марадона се врати на клупата на Аргентина

Марадона се врати на клупата на Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина ја победи Костарика со 3:2 на пријателскиот натпревар на која селекторот Диего Марадона повторно се врати на клупата на екипата.

Ова е прв натпревар после двомесечната суспензија од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА) која му е изречена поради навреда на новинар.

Победничките голови на Аргентина, која играше без фудбалер од европските клубови ги постигнаа Хосе Соса, Бурдисо и Сарандија Франко Хара. Головите за Костарика ги постигнаа мичел Барантес и Диего Мадригал.

Марадона функцијата на селектор на Аргентина ја превзема во ноември 2008 година. Дуелот со Костарика му послужи како припрема за Светското првенство во Јужна Африка каде Аргентина ќе игра во Група Б со Нигерија, Јужна Кореја и Грција.