×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мурињо: Интер ќе победеше и со седум играчи

    25.01.2010 13:15 | KumanovoNews

    Фудбалерите на Интер сосема заслужено славеа во големото дерби со Милан. Во Серијата А - 2:0 по 90 минути, во кои лидерот поголемиот дел од мечот го одигра со еден, а во финишот и со двајца играчи помалку. Сосема објективно и заслужено, епитетот играч на мечот може да му се препише на македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

    Мурињо: Интер ќе победеше и со седум играчи

    Тренерот на Интер Жозе Мурињо призна дека неговиот тим беше неверојатен во синоќешниот натпревар против Милан (2:0). Мурињо изјави дека Интер бил многу добар, а единствено можел да изгуби ако на теренот има шест играчи.

    „Го демонстриравме секој аспект од нашата игра. Со шестмина на терен можеби ќе изгубевме но со седум не. Сите играа прекрасно. Бевме неспоредливо појаки и лесно го добивме Милан. Нема да дозволиме некој да го земе Скудето од нас, но сигурно е дека тимовите како Милан нема да дозволат толку лесно да станеме шампиони“ - нагласи Мурињо.

    Аргентинецот Диего Милито стрелецот на првиот гол за Интер изјави дека е пресреќен после победата.

    „Постигнав гол во право време и тој ни овозможи да имаме контрола на натпреварот. Во друго полувреме Милан покрена офанзива и не ни беше лесно. Имавме играч помалку но успеавме да се одбраниме и да ја зголемиме предноста.“ истакна Милито.

    Интер сега има девет поени предност во однос на второпласираниот во Серија А, а наредниот меч кои го играат е против Парма.