×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мурињо казнет од УЕФА за „случајот црвени картони“

    01.12.2010 14:48 | KumanovoNews

     Контроверзниот португалски тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо заработи казна од еден меч, плус еден условно поради наредбата за намерни црвени картони на гостувањето во Лигата на Шампионите во Амстердам против Ајакс

     

    Мурињо казнет од УЕФА за „случајот црвени картони“

     Мурињо е казнет со еден меч забрана за водење на тимот, како и со уште еден условно, така да нема да може да седи на клупата на натпреварот со Оксер на „Сантијаго Бернабе“. Португалецот исто така ќе мора да плати 40.000 евра казна, додека Реал ќе мора да издвои 120.000 евра, решила УЕФА.

    Сепак, европската фудбалска унија не ја зголеми суспензијата за Чаби Алонсо и Серхио Рамос, кои намерно добија црвени картони, така да тие ќе изостанат само од мечот против Оксер, но и тие ќе бидат `олеснети` за по 20.000 евра. „Куририте", Икер Касиљас и Јиржи Дудек се казнети со 10.000, односно 5.000 евра.

    Мурињо наредил „чистење“ за да не ризикува некој од фудбалерите во осминафиналето да ги пропушти двобоите на пролет, кои се клучни за Реал Мадрид, затоа што шест години во низа „кралскиот клуб“ не може да ја мине првата елиминациска фаза.