500x100-1
06. 09. 2019 14:54

На Аџи Тепе ќе се оддржи меѓународен куп во едриличарство

На Аџи Тепе ќе се оддржи меѓународен куп во едриличарство

На спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово, утре (сабота) ќе се оддржи првиот меѓународен „Бланик Куп“ во прецизно слетување со едрилица.

Натпреварувањето ќе биде во поединечна и екипна конкуренција и ќе започне во 10.30 часот.

Ќе учествуваат вкупно 30 пилоти, од кои 15 од Македонија, а останатите од Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Ги повикуваме сите воздухопловци и љубители на воздухопловство, како и граѓаните, да дојдат да ни се придружат на овој несекојдневен спортски настан. По пауза од 17 години,  се организира вакво натпреварување и затоа ги повикуваме граѓаните да дадат поддршка на натпреварувачите и на нашиот клуб, - изјави Ненад Давидовиќ, член на Аеро-клуб Куманово.

Натпреварот е во организација на Воздухопловната федерација на Македонија и Аеро Клуб Куманово и со него се обновува лигата во спортско едриличарство.