Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Судијата Том Хенинг Овребо признава дека требал да го поништи победничкиот гол на Мирослав Клосе на мечот Баерн - Фиорентина во Лигата на Шампионите кој заврши со резултат 2:1.
По прегледот на снимката и сите реакции кои ги добивме јасно е дека требаше да досудиме офсајд. Сепак, тоа не го сторивме на теренот. По советот на мојот помошник, одлучив да го признам голот, и тоа е моја одговорност - изјави Овребо.
Судијата познат по скандалозното делење на правдата на полуфиналето на мечот од Лигата на Шампионите помеѓу Челзи и Барселона минатата сезона, изјави дека на Алијанц арената не направил баш мудар потег.
Секогаш слушам што асистентите имаат да кажат, но јас сум тој кој ги донесува конечните одлуки. Сликите кажуваат дека оваа и не е многу паметна - изјави Овребо за локална телевизија.