500x100-1
11. 08. 2010 16:22

Озил во трансфер шпекулации

Озил во трансфер шпекулации

Шпанските медиуми веќе го преселија младиот германски репрезентативец Месут Озил во Премиера. Марка, весник близок до Кралскиот клуб, тврди дека германецот со турско потекло ќе ја продолжи кариерата во Реал, но Ел Паис и Спорт објавија дека Озил веќе се договорил со Каталонците.

Ова би бил одличен потег за Барселона по неуспехот да го доведе Фабрегас.

Сепак, според некои шпекулации Озил е и пред трансфер во Манчестер Јунајтед, а германски Билд најавува дека и Интер е заинтересиран за услугите на Озил.

Сепак досега нема конкретна понуда од ниту еден клуб.