500x100-1
08. 02. 2010 13:32

Пандев задоволен од Интер

Пандев задоволен од Интер

Горан Пандев со преминување во Интер го направил вистинскиот потег. Фудбалерот  има постигнато три гола на пет натпревара и вели дека веќе ги заборавил лошите денови поминати во Рим.

„Сега веќе заборавив на се што беше. Чувствувам како од секогаш да сум тука. Работам добро, играм и конечно се забавувам. Му благодарам на Интер што ми го овозможи тоа и чест ми е што играм во таква екипа“ рече Пандев.

Македонскиот фудбалер полусезоната ја помина на клупата на Лацио јавно изразувајќи го своето незадоволство.