500x100-1
30. 07. 2019 22:17

Пет атлетичари од Куманово ќе учествуваат на Европскиот куп во атлетика

Пет атлетичари од Куманово ќе учествуваат на Европскиот куп во атлетика

Пет атлетичари од атлетскиот клуб „Куманово“ ќе учествуваат на Европското екипно првенство во атлетика, коешто ќе се оддржи на 10 и 11 август годинава, на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје, откако постигнаа извонредни резултати на Сениорското поединечно првенство, коешто, викендов се оддржа во Скопје.

Боите на Куманово во репрезентацијата на Македонија, во атлетските дисциплини ќе ги бранат, Матеја Ефремовска, со освојување на двете први места во фрлање диск и трискок и Роберт Митковски, со победата во скок во височина. Од помладите, успех забележаа Мариа Томиќ на 100 м, освојувајќи го 3-тото место и Гилман Јунази на 5000 м. На вториот ден од натпреварот Гилман Јунази го зема првото место на 3000 м стипл. Марија Дувлис обезбеди место на Европскиот Куп со победа на 100 м со пречки, додека пак Марија Ефремовска се избори за 3 место на скок во далечина.