500x100-1
29. 10. 2018 18:11

Пет медали освоија каратистите на Shotokan Karate Klub Ronin Dojo во Бугарија

Пет медали освоија каратистите на Shotokan Karate Klub Ronin Dojo во Бугарија

Врвни резултати постигнаа каратистите на Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово, на 10-тo Европско шотокан првенство, кое викендов се одржа во Албена, Бугарија.

Во силна конкуренција Николина Милорадовска освои прво место во борби (+68 kg ) и второ место во ката индивидуално, Марко Вељковски освои второ местo во ката индивидуално, Теодор Чуриќ трето место во ката индивидуално. Сениорскиот ката тим вo состав: Николина Милорадовска,Јована Стојковска и Ања Ангеловска се закитиja со второ место. Со одличен настап, но без пласман остана Матеја Милорадовска. Каратистите настапија како дел од Шотокан академија на Македонија.

- Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово под менторство на сенсеи Оливер Милорадовски постои веќе 14 години и може да се каже дека на сите организирани натпревари како во нашата држава така и надвор од неа секогаш обезбедува високи резултати и натпреварувачите се закитуваат со медали и пахари. Со овие постигнати резултати Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово повторно се крена на пиедесталот, - информираат  од клубот.

Во наредниот период клубот ќе учествува на натпреварување во Скопје и Лесковец.

Пет медали освоија каратистите на Shotokan Karate Klub Ronin Dojo во Бугарија