×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пинк Пантери на мини-турнеја во Белград

    18.12.2018 14:45 | KumanovoNews

    Минатиот викенд кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово имаа турнеа низ Белград каде што одиграа неколку пријателски натпревари со екипите на Партизан од Белград, Младост Земун и Савски Венац.

    Пинк Пантери на мини-турнеја во Белград

    Кумановчани на оваа турнеја патуваа со две екипи, кошаркари родени 2005/2006, и кошаркари родени 2007/2008 година и помали. Со оваа гостување тимот на Пинк Пантери ја продолжува својата традиција да нивните кошаркари играат со најдобрите екипи од регионот и пошироко.

    Оваа гостување имаше за цел нашите млади кошаркари да ги одмерат силите со своите врсници од Белград. Тие играа по два натпревари со тимовите на Партизан, Младост Земун и Савски Венаци кои се во корелација со младинскиот погон на КК Партизан - изјави Бојан Златковски, директор на КК Пинк Пантери.

    Кумановските Пинк Пантери своето слободно време го искористијада ги посетат културно историските знаменитости во Белград. Исто така одработија заеднички тренинг со своите врзници под водство на познатиот кошаркарски тренер Дејан Срзиќ Сусла, кој нашите сограѓани можат да го паметат и како тренер на Куманово во средина на деведесетите години на минатиот век.

    За време на тридневниот престој во Белград, кумановските кошаркари одработија заеднички тренинг со своите врсници од Белград под водство од познатиот тренер Дејан Срзиќ Сусла кој позади себе има богата кошаркарска кариера. Ова беше доста интересна можност за нашите млади кошаркари кои сигурно стекнаа едно специфично искуство кое ќе им значи во иднина. - додава Златковски.

    Пинк Пантери не застануваат со работа, и продолжуваат во полна пареа со своите секојдневни тренинзи и натпревари за викенд. До крајот на оваа сезона ги очекуваат уште неколку такви гостувања надвор од Македонија.