500x100-1
10. 08. 2010 15:25

Почина атлетичарот Јонуз Јонузи

Почина атлетичарот Јонуз Јонузи

На 6 Август во почина најуспешниот кумановски атлетичар Јонуз Јонузи. По краткотрајно боледување тој почина во Оснабруг - Германија, каде живееше подолго од 15 години.

Својата кариера ја започнал во атлетскиот клуб Куманово, а потоа преку Електроекономија да стигне во белградски Партизан. 1989 се сели во Женева, а за 6 години во Германија.

Како негови позначајни резултати можат да се забележат, Јуниорски шампион (1981) во дисциплината 800, 1500, 3000 метри, Шампион на Југославија на 1500 метри (1982)  а подоцна триумфирал на Олимпијадата во Фоџa, Италија (1982).

Во неговите сениорски настапи, доминира во маратонот, каде во средината на осумдесетите победува во Чачак, Марибор, Крагуевац, Светозарево и станува шампион на Србија, а подоцна победува и на Белградскиот крос.

Јонуз Јонузи беше погребан во недела во Куманово, со присуство на граѓани, новинари и спортски активисти.

Почина атлетичарот Јонуз Јонузи