500x100-1
02. 05. 2018 13:35

Последен Суперлигашки натпревар на Куманово на домашен терен

Последен Суперлигашки натпревар на Куманово на домашен терен

Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот го играат последниот натпревар на домашен терен од Суперлигата. Противник ќе бидне екипата на Блокотехна.

Овој натпревар е без резултатско значење за Куманово бидејки во секој случај сезоната ја завршуваат на четвртата позиција на табелата. Противникот во Плеј-оф ќе биде Работнички кој е недостижен за тимовите на Блокотехна и МЗТ Скопје. Токму овие две екипи ги очекува интересна завршница на сезоната, имајки впредвид дека и двата тима имаат 22 победи и 8 порази, а во последните две кола ќе се борат да остварат предност на домашен терен. Блокотехна освен денешниот натпреавр има дуел и со Работнички, а МЗТ игра против Работнички и АВ Охрид.

Во првиот дел од сезононата Куманово и нанесе два пораза на Блокотехна, додека во Суперлигашкиот дел Блокотехна оствари убедлива победа. До крајот на првенството Куманово има уште еден натпревар против тимот на Гостивар.

Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток од 19 часот.