×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите ја победија Ринија

    01.03.2010 10:13 | KumanovoNews

    Ракометниот клуб Куманово извојува уште една победа и ги продолжи успесите во ракометното првенство.Со резултат 39:31, кумановци ја декласираа Ринија на натпреварот во Спортската сала Куманово.

    Ракометарите ја победија Ринија

    Во првиот дел од натпреварот гостите поведоа со 4 гола и се наметнаа како подобар и подоминантен противник, но ракометарите на Куманово успејаа да воспостават рамнотежа заминувајки на полувреме со нерешен резултат 19 - 19.

    Во второто полувреме двата тима покажаа поцврста и поквалитетна игра. Во целиот дел Куманово беше во водство од мининум 4 гола разлика со успешни и ефективни контри и полуконтри. На 10 минути пред крајот на натпреварот од страна на РК Куманово,беа промашени 2 пенали. Конечен резултат на натпреварот беше 39 - 31.

    Еден играч од првата постава на РК Куманово доби црвен картон во второто полувреме и беше приморан да седне во публиката. Други забелешки и прекини во играта немаше.

    Дејан Георгиевски