500x100-1
07. 10. 2019 20:51

Ракометарите на Куманово со прв пораз во новата сезона

Ракометарите на Куманово со прв пораз во новата сезона

Ракометарите на Куманово, во новата сезона во првата машка лига, го доживеjаа првиот пораз на гостински терен, против екипата на Јуниор.

Натпреварот заврши со резултат 23:20.

Во првите 30 минути, лошата игра на нашите ракометари на противничката екипа и` овозможи резултат од 11:7, а истото неорганизирано темпо на игра на нашите ракометари им донесе и пораз и на крајот од натпреварот.

Најмногу голови, од нашата екиpa постигна Андреј Миладиновски со 7 гола, додека пак голманот Кимевски забележа 12 интервенции во одбрана на голот.

Следниот натпревар, во рамките на машката лига, МРК Куманово ќе го игра на домашен терен против Алушовски.