500x100-1
18. 09. 2018 13:20

Ракометарките ќе одиграат двомеч со грчки ПАОК

Ракометарките ќе одиграат двомеч со грчки ПАОК

Ракометарките на Куманово денеска и утре ќе одиграат два пријателски натпревари со тимот на ПАОК од Солун.

Со оваа гостување на ПАОК започнува соработката помеѓу двата клуба, а овие натпревари ќе бидат искористени за подготовка на ракометарките за настап во Челенџ купот каде што Куманово игра проитв Геониус од Холандија.

Првиот натпревар се игра вечерва од 19:30 во салата на Економското училиште, а вториот се игра во среда во 12:30 во салата на ОУ Христијан Карпош.

Ракометарките го започнаа домашното првенство каде што одиграа 2 натпревари во кои забележаа победа против Гевгелија и нерешен резултат против Вардар.